Овен
Љубов:
Некој ве возбудува и ви го привлекува вниманието повеќе отколку што сте спремни да признаете. Делувате мистериозно.
Работа:
Со неколку добри потези можете да направите повеќе од вашите соработници. Можете да ги постигнете вашите намери на различни страни.
Здравје:
Вие сте во одлична психофизичка форма.
Бик
Љубов:
Доколку се грижите за подобрување на односот со саканата личност, нема потреба да поставувате погрешни прашања и провокативни ситуации.
Работа:
Планот кој упорно се обидувате да го реализирате во кругот на соработниците не е најдоброто решение. Затоа, не ги затворајте очите пред фактите.
Здравје:
Важно е некој да ужива во вашето присуство и да се радува на вашите идеи.
Близнаци
Љубов:
Размислете како треба да го шармирате и одоброволите партнерот. Секогаш постои начин да се освои саканата личност.
Работа:
Комплицираната ситуација во која се наоѓате произлегува од заеднички обид да се направи правилна поделба на деловните и финансиските интереси.
Здравје:
Вечерта ќе уживате во излегување или средба, како поттик за добро расположение.
Рак
Љубов:
Партнерот се обидува да ви помогне или да ве расположи. Заедничката средба може да се претвори во „подобар дел од реалноста“.
Работа:
Поаѓате од погрешни информации, па вашите предвидувања изгледаат неубедливо. Прифатете ја добронамерната критика.
Здравје:
Нема потреба да се оптоварувате со „тешки теми“.
Лав
Љубов:
Во средбата со саканата личност се соочувате со проблемот на недоразбирање за заедничките приоритети.
Работа:
Важно ви е да изгледате убаво, духовито или шармантно пред вашата околина. Но, некој го карактеризира вашето однесување на погрешен начин.
Здравје:
Избегнувајте стресни ситуации кои ве вознемируваат.
Девица
Љубов:
Важно ви е помирувањето со саканата личност, искористете ги вашите „скриени адути“ за да оставите сериозен впечаток.
Работа:
Нема потреба да ги преценувате личните можности, оставете ги вашите соработници да одлучуваат за заедничките интереси.
Здравје:
Обрнете внимание на поуреден начин на живот и правилна исхрана.
Вага
Љубов:
Постојат одредени ситуации кои треба да се избегнуваат, бидејќи емотивното ривалство секогаш остава различни последици.
Работа:
Не ви се допаѓа нечија улога или однесување во деловните преговори. Сепак, бидете мудри и воздржани пред соработниците.
Здравје:
Применете некоја од техниките на психолошка релаксација.
Скорпија
Љубов:
Во средбата со саканата личност, добрата волја „прави чуда“. Доволно е да се види насмевка на задоволство на лицето на драга личност.
Работа:
Треба да ги поставите вашите деловни цели и да ги подмирите постоечките сметки, не дозволувајте некој да ве престигне.
Здравје:
Избегнувајте ситуации кои ве вознемируваат психички.
Стрелец
Љубов:
Авантура може да ве доведе во непријатна ситуација. Подобро е да се одлучите за добро познато друштво.
Работа:
Личното достоинство или големата гордост не дозволуваат да се вклучите во дискусија со една личност.
Здравје:
Ќе ви годи рекреација или хоби.
Јарец
Љубов:
Премногу внимание обрнувате на некои споредни настани кои дополнително ве оддалечуваат од вашата сакана личност.
Работа:
Изберете ги повнимателно зборовите што ги користите кога се среќавате со вашите соработници. Дипломатската нота станува неизбежна, особено кога има добар деловен интерес.
Здравје:
Потребна ви е подобра психолошка рамнотежа, опуштете се.
Водолија
Љубов:
Не ограничувајте нечија емоционална слобода или право на личен избор. Не бидете премногу строги со саканата личност.
Работа:
Внимателно анализирајте ја личноста која има пресудна улога во деловно-финансиската соработка, за да ги заштитите вашите интереси.
Здравје:
Важно е да се задржи вниманието и самоконтролата.
Риби
Љубов:
Обидете се да разберете нечија „емоционална слабост“ или недостаток на храброст да одговорите на вашите потреби. Бидете стрпливи.
Работа:
Ве очекуваат различни проблеми во комуникацијата со соработниците. Некој се обидува да ве убеди во нивните добри намери.
Здравје:
Важно е да се постигне внатрешна рамнотежа.
