Францускиот претседател Емануел Макрон го повика францускиот народ да и даде на неговата партија „цврсто мнозинство“ во вториот круг од парламентарните избори што ќе се одржат в недела.
„Нема да има ништо полошо од додавање француски неред на меѓународниот неред“, рече Макрон пред да се качи на авионот со кој вчера ги посети француските војници во Романија.
Макрон денеска бешево Молдавија.
Изборите в недела секако ќе бидат неизвесни.
Имено, во првиот круг партијата на Макрон и левичарската коалиција предводена од Жан-Лук Меланшон беа речиси изедначени.
