20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Стоилковски: Премногу е! Нови 900.000 буџетски евра од Пановска за Пановски!

Почитувани,

Македонија е црна дупка во здравството, најцрна дупка во економијата, ама власта не застанува со корупција и со криминал во здравството, дури и врз грбот на најнесреќните. Почитувани, нема нова болница, ама има нов тендер од ќерка за татко, речиси еден милион евра! Клиниката за хематологија водена од омилената директорка на СДСМ, Ирина Ставридис Пановска, дала тендер на Пановски за набавка на лекови вредни над 55 милиони денари.
Почитувани, ова е тој договор, првата страничка од него, со дата 6ти јуни 2022 година.
Почитувани, неказнивоста на криминалот од институциите значи поддршка на криминалот од државните институции! Ова не е прв тендер од ќерка на татко, ова е утврдена шема со неказнивост за конфликт на интереси и ова се повторува.
Истата шема е разработена уште од 2018 година, за тоа постојат и историја на прес конференции од тука од ВМРО-ДПМНЕ и поднесоци до институциите, ама антикорупциска и обвинителство си молчат!
Оние за борба против корупцијата молчат и се кријат. За волја на вистината и ДКСК и Јавното обвинителство уште во 2018 отворија предмети за тендери вредни 3 милиони евра од Пановска за Пановски, ама до сега нема ништо! И тој молк, остава простор за нови и нови корупциски скандали и за нови договори како овој од клиниката за хемотологија Скопје до А.Д. Др. Пановски вреден речиси  1 милион евра.
Почитувани, ова е срамно, понижувачко, недостоинствено, па и нечовечко да се заработува врз грбот на несреќни и болни! А молкот од институциите значи само едно- Молкот значи одобрување! Почитувани, Премногу е! Mолкот не е опција!  Затоа на 18ти јуни приклучете се на протестот за промени, во 20 часот пред Влада.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести