8.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива ја напуша пратеничката група и во иднина ќе делува како независен пратеник

Пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива ја напуша пратеничката група на партија и во иднина ќе делува како независен пратеник. И за оваа одлука официјално го извести собранискиот спикер, Талат Џафери.

Алтернатива е дел од владејачкото мнозинство и во Владата влезе по излегувањето на БЕСА. Реџепи беше незадоволен од владиниот договор и не се појави на последниот партиски конгрес на кој Африм Гаши доби поддршка за втор мандат за лидер на партијата.

Реџепи бараше непристрасна истрага за случаи за кои тој смета дека биле политички монтирани, но и рамноправен развој на Липковскиот регион.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести