11.8 C
Skopje
недела, ноември 22, 2026

Шакира и Пике во отворена врска?!

Фудбалерот на Барселона Жерар Пике (35) и пејачката Шакира (45) во саботата ги потврдија шпекулациите за раскинувањето. Тие се заедно 12 години, а Шакира се огласи преку изјава за новинарите барајќи дополнително да се почитува нивната приватност. Меѓутоа, шпанскиот медиум Марка сега пишува дека одлуката не била обострана, туку дека пејачката сама ја донела и покрај јавноста го изненадила и долгогодишниот партнер.

– Некој многу близок до Пике ме убеди дека тоа не е неверство – изјави новинарот Хозе Антонио Авилес, пишува Marca. „Нејзината изјава, како и раскинувањето, беше големо изненадување“, додаде Хозе.

Имено, истиот новинар тврди дека фудбалерот и пејачката веќе неколку години се во „отворена врска“.

– Нивниот договор беше: „ти прави што сакаш, а јас ќе правам што сакам јас“  но во јавноста се прикажуваа како хармоничен пар – открива Жозе, тврдејќи дека сето тоа го дознал од извори блиски до фудбалската ѕвезда.

Во името на двајцата говори потврдата со која Шакира ја објави разделбата во јавноста.

– Жал ни е да ја потврдиме нашата разделба. За доброто на нашите деца, кои се наш најголем приоритет, ве молиме почитувајте ја нивната приватност. Ви благодариме на разбирањето – изјавила пејачката, пишува Дејли Мејл.

Во текот на изминатата недела, уште пред објавувањето на раскинувањето, во медиумите се шпекулираше дека Пике ја изневерил пејачката.

Исто така, извори блиски до парот за странските медиуми тврдат дека парот веќе неколку месеци живее на различни адреси.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести