-0.2 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Шолц: Подготвени сме да го засили своето воено присуство во балтичките земји

Пред руската инвазија на Украина, Германија, која командува со мултинационалната тактичка група на НАТО во Литванија, веќе го зголеми бројот на своите војници стационирани во земјата од 550 на повеќе од 1.000.

Балтичките земји, со недоверба кон Русија по 50 години советско владеење во минатиот век, стравуваат дека следни би можеле да бидат цел на Москва доколку нејзината кампања во Украина заврши успешно. Од почетокот на војната, тие земји повикаа на зголемување на бројот на војниците на НАТО на нивната територија и формирање бригади кои ќе ги заменат сегашните единици.

„Подготвени сме да го зголемиме нашето учество и да го промениме во форма на силна борбена бригада која истовремено може да организира одвраќање и одбрана од агресија против Литванија“, рече Шолц во Вилнус на заедничката прес-конференција со балтичките лидери.

„Бригадата има околу 4.000 војници. За нас е исто така важно да разговараме како да реагираме на рускиот напад, правејќи сѐ што можеме за да ја спречиме Русија да победи во војната.“

„Мислам дека никој не греши во врска со Русија. Треба да разбереме дека руската закана нема да исчезне“, изјави литванскиот претседател Гитанас Науседа. „Не може да има дијалог, соработка, помирување со оваа земја, која се уште е фасцинирана од нејзините империјални амбиции“, додаде тој.

„Мораме да му дадеме до знаење на агресорот дека НАТО не само што е подготвен, туку е и способен да ја брани секоја педа од својата територија“, изјави естонската премиерка Каја Калас. Самитот на НАТО е закажан за 29 и 30 јуни во Мадрид.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести