7.8 C
Skopje
вторник, март 26, 2024

Ковачки: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата и Законот за внатрешни работи

 Интегрален текст од изјава за медиуми –  Драган Ковачки, пратеник на  Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“

Почитувани,

На денешната седница на Собранието се наоѓаат два закони кои ние како Пратеничка група ги поднесовме, а тоа се Предлог  закон за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија и Предлог закон за изменување на Законот за внатрешни работи.

Со ова законско решение, предлагаме подобрување на условите за пензионирање на активниот воен персонал и давање на можност на активниот воен и цивилен персонал во Армијата да му престане работниот однос по сила на закон со остварување на право на пензија со навршување на 40 години стаж без оглед на годините на возраст за мажи, и 38 години стаж за жени.

Исто така, со овој предлог закон предлагаме да се изврши корекција во висината на пензијата и на воениот и на цивилниот персонал на кој од денот на формирање на Армијата до денот на влегување во сила на овој закон им престанал работниот однос согласно законите за служба во Армијата кои важеле во времето на остварување на правото на пензија.

Со овој предлог, ги враќаме ингеренциите на НГШ на АРМ кои со последните измени му беа одземени од страна на Министерот во поглед на поставување на високи офицери на служба во Армијата, со што цениме дека ќе се придонесе и за департизација и за професионализација на Армијата.

Исто така, со овие предлог-измени, се регулира статусот на професионалните војници на кои службата во Армијата им престанува поради навршување на 45 години старост, на начин што на истите им се даваат две опции: да засноваат работен однос на неопределено време без објавување на јавен оглас, со преземање во органите на државната и локалната власт и други државни органи согласно нивната стручна подготовка, или право на отпремнина, односно еднократен надоместок во износ од 1000 евра во денарска противвредност, за секоја година помината во служба во Армијата.

Со Предлог законот за изменување на Законот за внатрешни се уредува системот на кариера, како и зголемување на компонентата на овластени службени лица.

Имено, се интервенира во членот 126 став 1 алинеја 5, при што се менува напредувањето, да може работник да се унапреди непосредно за едно место, а не како што стои во законот за три работни места.

Со измените кои се предлагаат во вој закон, ќе се овозможи подобрување на системот на кариера на вработените во Министерството за внатрешни работи.

Апелирам до парламентарното мнозинство да даде поддршка на овие закони и да помогнеме да се решат овие проблеми со кои се соочуваат вработените во армијата и полицијата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести