-1.2 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Израел планира да отвори ново поле за експлоатација на гас

Израел планира да отвори ново поле за експлоатација на гас, што ќе биде тема на разговорите што германскиот министер за економија Роберт Хабек ќе ги има во таа земја.

„Сакаме да се ослободиме од нашата зависност од Русија, но сè уште ни недостасува гас“, рече Хабек во понеделникот, пред посетата на Блискиот Исток.

„Израел има и големо наоѓалиште на гас, кое лесно се експлоатира“, но извозот на гас во Европа е комплициран бидејќи недостасува потребната инфраструктура, рече германскиот министер.

Нема смисла да се изгради нова инфраструктура до 2027 година и да се „демонтира пет години подоцна“.

Сепак, може да помогне доколку се воспостави соработка на краток рок со соседните земји кои имаат терминали за течен природен гас, додаде Хабек.

Сепак, тој истакна дека централна тема на неговата посета е развојот во областа на обновливите извори на енергија.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести