Украинскиот главен град Киев по подолг период повторно беше мета на руски ракети. Извештаи за загинати нема, но нападот го прекина чувството на мир во градот во кој немаше сличен напад од 28 април и посетата на генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш. Украинските власти тврдат дека погодени се инфраструктурни објекти, руската армија пак вели дека уништила склад со странска помош и тенкови кои пристигнале од источна Европа. Украинскиот Претседател Зеленски пак во последното обраќање уште еднаш повика на поголема помош од западните држави и порача дека последиците од војната можат да бидат сопрени веднаш доколку тоа го сака рускиот Претседател Путин.
Сите загинати би биле живи доколку една една личност во Москва не ја предизвикаше ова акатастрофа. Ова не може да биде поправено бидејќи војната се уште трае, но страшните последици од оваа војна можат да бидат сопрени во секој момент. Руската армија може да престане да пали цркви, руската армија може да престане да уништува градови. Руската армија може да престане да убива деца, ако само една личност во Москва даде една наредба.
Украина изминатиот период очекува нови пратки на оружје од западните држави и САД, а најавите за испорака на проектили со долг дострел го вклучија алармот и во Кремљ. Рускиот Претседател Путин упати и закана дека доколку тоа се случи ќе следуваат како што кажа, соодветни последици.
