8.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Вучиќ: Не исклучувам ништо…

„Не исклучувам ништо“, им изјави Вучиќ на новинарите на прашањето дали претходно договорениот дводневен престој на Лавров во Белград може да ја загрози посетата на шефот на германската влада.

По посетата на украинските бегалци во Центарот за азил, Вучиќ потврди дека посетата на Лавров била планирана и дека „сѐ е закажано“ во однос на протоколот.

„Сѐ е во ред, но има некои други проблеми… Ќе видиме во наредните денови. Бидете трпеливи ден-два и ќе видиме. Можно е сѐ да биде во ред, можно е да не биде“, одговори Вучиќ.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова претходно денеска најави дека шефот на руската дипломатија ќе престојува во дводневна посета на Србија на 6 и 7 јуни.

Посетата на Лавров доаѓа во време на притисок од западните земји и Европската унија врз Србија да се приклучи на меѓународните санкции против Русија, а најавата за неговото доаѓање е придружена со пораки од српската опозиција до државниот врв дека посетата е несоодветна за време на руската инвазија на Украина.

Последна во низата реакции е изјавата на Здружението Руси, Украинци, Белоруси и Срби заедно против војната, во која се вели дека „за агресорот нема место во Србија“ и го повикуваат српскиот претседател и државниот врв да го негираат гостопримството на Лавров.

Приемот на висок руски функционер во официјална билатерална посета ќе биде обележан со јасно отсуство на осуда на агресијата и емпатија за страдањата на луѓето во Украина.

Како што соопшти Захарова на денешниот брифинг со новинарите, Лавров во Белград ќе се сретне со Вучиќ, министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ, претседателот на Собранието Ивица Дачиќ и со српскиот патријарх.

Предвидено е теми на разговорите да бидат политичката и економската соработка меѓу Русија и Србија и „другите актуелни прашања од меѓународната политика“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести