„Со овој модел ја зајакнуваме нашата способност за соработка во Европа“, рече Ламбрехт во обраќањето пред Бундестагот.
Според претходните планови, Бундесверот требало да набави 45 до 60 тешки хеликоптери за околу четири милијарди евра, кои требало да бидат испорачани меѓу 2023 и 2029 година. Војската има буџет од околу 100 милијарди евра. Само Боинг и Локхид Сикорски нудат ваков тип на воен хеликоптер.
Германската војска ги користи хеликоптерите CH-53 на Сикорски од 1970-тите и планира постепено да ги исфрли до 2030 година. Хеликоптерите Chinook се користат за транспорт на возила, опрема и луѓе по воздушен пат. Министерството го избрало моделот за да ја олесни соработката со сојузниците во НАТО, бидејќи хеликоптерите веќе ги користат Холандија, Шпанија, Велика Британија, Италија, Грција, САД, Канада и Турција.
