3.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Новиот словенечки премиер Роберт Голоб денеска пред парламентот ги претстави кандидатите за министри

Новиот словенечки премиер Роберт Голоб денеска пред парламентот ги претстави кандидатите за министри, велејќи дека не очекува новата коалициска влада да има 100 дена мир со оглед на состојбите во светот.

Пратениците ќе гласаат за министрите на Голоб подоцна денеска и се очекува да поминат лесно со оглед на убедливото мнозинство од тричлената коалиција.

Во владата ќе има десет министри предложени од партијата Движење за слобода на Голоб, четворица министри од квотата на социјалдемократите на СД и тројца од Левицата.

Од 17 министерски позиции, седум се на жени

Обраќајќи им се на пратениците, Голоб рече дека владата ќе има половина искусни политичари и половина докажани експерти со долгогодишно искуство во академската работа или во економијата.

“Предложената министерска листа е „избалансирана и разновидна“, со седум од 17 министерски позиции на жени, рече Голоб, додавајќи дека новата влада сака да исполни големи цели и да биде една од најдобрите досега.

Тој нагласи дека владата треба што поскоро да профункционира и дека од опозицијата не очекува стодневен мир „ниту ми требаат“.

Новата словенечка влада ќе ја одржи првата седница во среда навечер по потврдата во парламентот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести