-3.2 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Макрон: Мораме да разгледаме начини како да го заокружиме нашиот континент, oва не може да биде само преку проширување на ЕУ

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во Брисел најави дека во наредните недели ќе покрене иницијатива за формирање на европска политичка заедница со желба идејата да се оживее и да стане реална.

Тој додаде дека таквата политичка рамка ќе биде комплементарна на процесот на пристапување во ЕУ.

– Мораме да разгледаме начини како да го заокружиме нашиот континент. Ова не може да биде само преку проширување на ЕУ, бидејќи тоа е предолг процес. Затоа ја предложив европската политичка заедница која ќе обезбеди политичка рамка и ќе ги собере на нашиот континент сите земји и влади кои споделуваат исти вредности и географија и која ќе се занимава со геополитика, стратегии, енергија, одбрана, инфраструктура. .. – изјави Макрон.

Говорејќи на крајот од самитот на ЕУ во Брисел, францускиот претседател најави разговори за јунскиот самит за барањата на Украина, Грузија и Молдавија за членство во ЕУ.

Ова ќе биде важен момент и сакам да повторам дека Франција е подготвена да даде силен сигнал на многу земји – заклучи Макрон.

Не треба да се отпишуваат нови санкции во наредните недели

Денеска, по договорот на лидерите на Европската унија за шестиот пакет санкции против Русија, Макрон изјави дека во наредните недели не треба да се отпишуваат дополнителни санкции, пренесе Ројтерс.

Тој рече дека се надева оти во наредните денови и недели ќе се постигне договор со Русија за извоз на украинска храна, наведувајќи дека неодамнешните разговори со рускиот и турскиот претседател за тоа прашање се позитивен знак.

За време на последниот разговор на Макрон со рускиот претседател Владимир Путин и германскиот канцелар Олаф Шолц, Макрон рече дека му понудил на Путин нацрт-резолуција на Советот за безбедност на ОН со која ќе се направи план за извоз на украински житарки од блокираните украински пристаништа.

– На Украина мора да и се дадат безбедносни гаранции за да не бидат нападнати нивните бродови. Сега чекаме одговор од Русија и сме во контакт со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш – рече Макрон.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести