1.8 C
Skopje
недела, ноември 22, 2026

Пол Пелоси е задржан во притвор

Пол Пелоси е задржан во притвор откако неговото Порше во саботата вечерта се судрило со друго возило во округот Напа.

Никој не бил повреден, а другиот возач не е уапсен.

Осумдесет и двегодишниот Пелоси е обвинет за два прекршока, а кауцијата му е одредена на 5.000 долари.

Не е наведено и дека моментално е во притвор, објави Би-Би-Си.

Калифорниската сообраќајна патрола соопшти дека Пелоси се обидел да ја помине државната рута-29 кога неговиот автомобил удрил од 48-годишен маж кој управувал џип.

Законот во Калифорнија вели дека возачите не можат да управуваат со возило ако нивото на алкохол во крвта е повеќе од 0,08%. Властите не кажале колкаво било нивото на Пелоси.

Ненси Пелоси имала обраќање на Универзитетот Браун кога се случил инцидентот.

Нејзиниот портпарол објави соопштение во кое вели дека нема да коментира за „приватна работа“.

Пол Пелоси се уште не го коментирал апсењето

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести