Блинкен ова му го кажал во телефонскиот разговор на шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас, се наведува во соопштението што го пренесуваат британските медиуми.
Грција пред три дена изрази протест кај иранскиот амбасадор во Атина бидејќи, како што наведе, насилно окупирале два брода под грчко знаме во Персискиот залив, соопшти грчкото МНР.
Атина повика на итно ослободување на бродовите и нивните екипажи, оценувајќи ги иранските акции за пиратски.
