8.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Ковачевски го пречека добитникот на Нобеловата награда за економија Пол Кругман

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска во Охрид се сретна добитникот на Нобеловата награда за економија, професор на Универзитетот Њујорк, Пол Кругман, кој е во неколкудневна посета на нашата земја и кој утре ќе биде говорник и ќе учествува на вториот Скопски економски и финансиски форум.

За време на посетата на Охрид, премиерот Ковачевски, заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими, имаа заедничка обиколка на дел од најзначајните културно-историски локации во Охрид.

Посетата на најзначајните споменични знаменитости во древниот Охрид започна кај Горна порта и Самоиловата тврдина, по што премиерот Ковачевски, министерот Бесими и нобеловецот Кругман ја посетија ранохристијанската базилика во близина на античкиот театар, по што следеше запознавањето со најважните карактеристики на црквата Св. Софија и запознавањето со старата градска архитектура во куќата на Робевци.

Обиколката во Охрид заврши со посетата на болничките цркви Св. Богодорица и Св. Никоја кај Долна Порта.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести