1.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Еве како словенечкиот премиер Голоб со посебен тест ги избира соработниците

Така, сите парламентарци од неговата партија требаше да одговорат на 12 прашања од тестот „Галуп“, кој го мери ангажманот на вработените во компаниите и нивната мотивација за работа.

Новиот премиер на Словенија Роберт Голоб користи тест кој избира анализа на вредности за да избере соработници, што ги поттикнува позитивните аспекти на поединецот и избегнува потенцијални конфликти во групата, изјави за љубљанско Дело претседателката на парламентот Уршка Клокочар Жупанчич од Движењето за слобода на Голоб.

Првата парлементарка, како и останатите четириесетина пратеници избрани на листата од најсилна партија во парламентот, одговараше на прашања од „Q12“ тестот на „Галуп“, од кои првото прашање било: „Знаете ли што се очекува од вас на работното место“.

Голоб го користел тестот „Галуп“ при изборот на своите соработници во време кога раководел со големата електроенергетска компанија „GEN I“ пред да влезе во политиката. Тој е само вториот словенечки премиер кој има намера своите претходни деловни искуства и методи на управување со човечки ресурси да ги пренесе во политиката, според Дело.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести