Ели Панова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Утрински брифинг“ зборуваше за најавената интерпелацијата против Талат Џафери и потенцираше дека постојат голем број на аргументи за поднесување на интерпелација и се надева дека таа нема да се најде во фиоките на Џафери како што беше случај со претходната интерпелација.
-Имаме толку многу аргументи кои може да ги наведеме што истата можеме да ја поднесеме и веднаш односно не е потребно размислување само ако видите што се случува во Собранието еве изминатата недела. Потписите на пратениците се неспорни, тие се тука. Ние веќе еднаш имаме поднесено интерпелација ни за жал таа се најде во фиоките на Џафери и се надеваме дека истото нема да се случи со ова интерпелација. Затоа сакавме да одиме етапно и да одиме чекор по чекор, најпрво со поднесување на барање до Комисијата за деловнички и мандатно и имунитетни прашања, рече Панова.
Панова во врска со интерпелацијата против Џафери посочи дека се надева дека ќе се расправа за оваа точка и на крај ќе се донесат одредени мерки како на пример јавна опомена, суспензија, отчленување од работно тело во траење од еден месец или забрана за преседавање со работно тело.
-Има одредени членови во Деловникот кој што налагаат од страна на претседателот да ја свика оваа комисија. Ние пред повеќе од 10 дена испративме писмо со материјал до оваа комисија и побаравме бидејќи една третина од членовите на оваа комисија го побараа нејзиното свикување, пратеникот Панчо Минов е должен да ја свика, но дали ќе отпочне со расправа по оваа точка, оваа комисија останува да видиме. Расправата е закажана на 6 јуни, се надевам дека ќе се одважи и за разлика од многу други ќе го осуди однесувањето на Талат Џафери во Собранието и на крајот ќе донесе одредени мерки кои се на пример јавна опомена, суспензија, отчленување од работно тело во траење од еден месец или забрана за претседавање со работно тело, кажа Панова.
Панова во врска со заклучувањето на вратите од Собрание истакна дека Талат Џафери направи кривично дело бидејќи во ниту во еден член од Деловникот не е предвидено да се бара затворање на вратите од Собранието за да се преброи бројот на пратеници за пријавување за збор по точна на дневен ред.
– Тоа не се случува прв пат и затоа сакаме да алармираме дека ова е кривично дело по Кривичен законик член 140, став 3 и 4 противправно лишување од слобода, изјави Панова.
Панова дека Џафери и покрај ваквото однесување е заштитен од обвинителството и судството, бидејќи претходно кога имаше кривична против него истата беше рекордно одбиена.
– Ако знаеме како функционира обвинителството, како функционира Уставниот суд и кои се се уставни судии во Македонија, ако видите дека пред неколку дена беше одбиено барањето за уставност за разрешувањето на Фадил Зендели од член на комисија за избори и именување, тогаш ќе сфатите дека нема да се постапува по ваква кривична пријава. Претходно кога имавме поднесено кривична пријава истата беше во рекордно време одбиена, изјави Панова.
Панова потенцираше дека жално е што пратениците од власта премолчуваат и кога си одат нивните места на живеење и треба да кажуваат дека молчат на ваквото однесување на претседателот на Собранието, молчат за пцовките и на кршењето на Уставот и Деловникот, нагласи Панова
