8.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

Приведен криумчар на мигранти

На 24.05.2022 во 21.00 часот на автопатот Скопје-Гевгелија, на наплатна станица Смоквица, полициски службеници  од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ го лишиле од слобода М.Ш.(49) од Скопје. При преглед во возилото „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти (две од Индија и три од Куба).

За настанот бил известен Јавен обвинител. М.Ш. бил приведен во ОВР Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести