7.8 C
Skopje
вторник, март 26, 2024

Орбан прогласи вонредна состојба поради војната во Украина

Премиерот Виктор Орбан го објави ова на Фејсбук, велејќи дека неговата влада мора да биде способна брзо да одговори на предизвиците.

Да потсетиме, владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска го протурка уставниот амандман со кој се дозволува владеење на правото со декрет во случај на вооружен конфликт или хуманитарна катастрофа во соседна земја, јави ДПА.

Мерката, поддржана од 136 членови на владејачката десничарска националистичка партија Фидес, овозможи да се воведе вонредна состојба врз основа на војната во Украина.

Вонредната состојба поради пандемијата истекува кон крајот на мај. Вонредна состојба поради здравствени причини беше воведена пролетта 2020 година и неколкупати беше обновувана од парламентот. Ваквата состојба овозможува суспензија на законите и воведување рестриктивни мерки со прописи.

Парламентот мора да ги одобри прописите во рок од 15 дена, што вообичаено беше формалност поради големото мнозинство што Фидес го има во парламентот. Според набљудувачите, здравствената вонредна состојба била искористена за цели едвај поврзани со здравствени прашања, вклучително и наметнување мерки кои финансиски ги загрозуваат местата каде опозицијата е на власт и за поддршка на провладините бизнисмени.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести