12.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА ВНАТРЕШНОСТА НА ТУНЕЛИТЕ АЗОВ (Видео)

По предавањето на ранетите, а потоа и другите украински борци од фабриката за челик Азовстал во Мариупол, кои беа под опсада со недели, слики од војници кои се предаваат на руските воени сили го обиколија светот, но за повеќето остана мистерија – како изгледаат тунелите, што беа скривница, прибежиште за околу 3.000 луѓе, околу 2.400 украински војници и околу 500 цивили.

Првите кадри од влегување во урнатините на челичарницата, а потоа спуштање во системот на тунели, кои се на неколку нивоа под земја, прикажуваат сцени слични на холивудските филмови.

Мрак, шприцеви, тетратки… инсталации и опрема од времето на СССР. Еден од оние кои се вклучија и ја снимија содржината на катакомбите Азовстал е Иргор Жданов, дописникот на сервисот RT на руски јазик.

На својот телеграм акаунт тој објави видеа и фотографии од она што го нашол таму, истакнувајќи дека секој чекор е ризичен бидејќи постои можност делови од теренот да се минирани.

Претходно рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека „2.400 украински националисти се предале“ од Азовстал.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести