21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Ковачевски: Со 49,7 милиони евра од ТАВ програмата реализираме инфраструктурни проекти за реалните потреби на граѓаните

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со првиот вицепремиер Артан Груби ја посетија Општина Сарај, по повод реконструкцијата на патот Буковиќ-Раовиќ, кој претставува еден од вкупно 94-те инфраструктурни проекти од ТАВ програмата во износ од 49,7 милиони евра.

Патот Буковиќ-Раовиќ е во завршна фаза на реализација, долг е шест километри и ги поврзува двете села. Износот на инвестицијата е 748 илјади евра. Премиерот Ковачевски и првиот вицепремиер Груби, заедно со раководството на компанијата „ТАВ Македонија“, со локалната самоуправа, изведувачите, како и со граѓаните на општината ја истакнаа важноста од реализацијата на инфраструктурните проекти кои го олеснуваат секојдневниот живот во населените места.

„Инфраструктурните проекти за општините се од големо значење, затоа Владата во соработка со ТАВ реализира инфраструктурни проекти низ целата држава, во сите плански региони. Вкупна вредност за сите 94 инфраструктурни проекти изнесува 49,7 милиони евра. Голем дел од проектите се завршени, дел се во завршна фаза и треба да бидат реализирани оваа година, а крајниот рок за завршување на сите проекти е 2023 година. Тоа се реални проекти за секојдневните, реални потреби за граѓаните. Се поврзуваат населените места, секој да има квалитетно и континуирано водоснабудување, се уредуваат речни корита, канализациони мрежи, училишни згради, младински центри, домови за стари лица, културни центри, партерно се уредуваат градски и општински средини за граѓаните да добијат поквалитетен живот во местата каде живеат. Ваков обем на проекти, кои се за вистински потреби на граѓаните и кои се изведуваат во ист момент, досега не се случиле. За важноста на овие проекти, зборува и поддршката и нивната промоцијата од страна на сите градоначалници. Сите граѓани имаат правото на квалитетен живот и Владата е посветена да го поправи, она што со децении не е направено. Инвестираме во она што им е потребно на граѓаните. Со овие проекти се инвестира во комуналната инфраструктура во улици и патишта, водоснабдување, се градат мостови, се поврзуваат населени места“, изјави Ковачевски и додаде дека од само 5 позначајни проекти, вклучувајќи ја и ТАВ програмата, Владата поддржа инвестиции од над 250 милиони евра во општините.

Првиот вицепремиер Груби, истакна дека е значајно што средствата за изградба на карго- аеродромот во Штип се пренасочија за реалните потребни на граѓаните за изградба на инфраструктурни проекти.

„Затоа сум горд сум што сум дел од таа Владата која поддржува проекти од бенефит на граѓаните. Градоначалниците доставуваа проекти до Владата за добробит на граѓаните. Конкретно усвоени се сите проекти од Општина Сарај, ова е втор проект како се реализира во рамки на ТАВ програмата, упатувам честитки до градоначалникот и изведувачите за успешната и предвремена реализација на проектот. Ги охрабрувам и во иднина да поднесуваат проекти за подобрување на условите за граѓаните“, изјави Груби.

Метин Батак, генералниот директор на компанијата „ТАВ Македонија“ истакна дека вредноста на овој проект е 748 илјади евра, додека вкупниот износ на инвестицијата на ТАВ за 94-те проекти е 49,7 милиони евра.

„Драго ни е што овие средства се користат за подобрување и унапредување на локалната инфраструктура. За изградба на патишта, водоводи, училишта и други објекти. Со ова, ние како ТАВ, заедно со Владата и општините, создаваме општествена вредност, во корист на граѓаните. При управувањето со македонските аеродроми, со постојаната поддршка од страна на Владата и засегнатите страни и чинителите, создадовме успешна приказна. Во 2019 година, односно за 10 години од нашето преземање на македонските аеродроми, патничкиот сообраќај порасна четирикратно. Но, потоа во 2020 година се случи пандемијата и ја предизвика најсериозната криза во историјата на авиоиндустријата, кога имавме пад од над 70% во бројот на патници на македонските аеродроми. Но, и покрај кризата, горди сме што лани ги потпишавме договорите со Владата и општините и што ги исполнуваме нашите заложби за овие 94 проекти кои ќе го подобрат живеењето на македонските граѓани“, изјави Батак.

Градоначалникот Блерим Беџети и се заблагодари на Владата за прифаќањето на овој проект, кој како што кажа, е многу битен за општината.

„Овој пат беше доста руиниран и беше навистина потребно да ни се излезе пресрет за реализација на овој проектот. Локалната власт во комуникација со граѓаните ја одредува важноста на проектите и токму затоа аплициравме со овој проект. Овој пат покрај што е од важност за граѓаните, за нивниот секојдневен живот,  дополнително може да влијае и на развој на руралниот туризмот, бидејќи на мостот каде завршува патот, има доста значајна и атрактивна локација за посета“, рече градоначалникот Беџети и подвлече дека овој проект е еден од најзначајните за граѓаните кој без поддршка на Владата немаше да се реализира.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести