21.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Секоја година семејните лекари го одбележуваат 19ти Мај како светски ден на Семејните лекари

Секоја година семејните лекари го одбележуваат 19ти Мај како
светски ден на Семејните лекари. Овогодишното мото на WONCA е
Семејните Лекари се секогаш тука за Вас.
По тој повод на 21.05.2022 год. (Сабота) во Скопје , во Градскиот
Парк кај фонтана Лотосов Цвет , во периодот од 11-14 часот ќе се
одржи настан со активност каде на случајните минувачи ќе им се
одредува BMI од страна на специјалистите по семејна медицина.
Целта на настанот е да се посвети внимание на популацијата за
обезноста и да се дадат совети и препораки од страна на
специјалистите по семејна медицина.
Одредување на BMI ќе се спроведува и во нашите амбуланти на
19.05.2022 на нашите пациенти .
Активноста е подржана од Фармацевската куќа Ново Нордиск на кој
во оваа прилика им се заблагодаруваме.
Ќе ни преставува особено задоволство Вашето присуство на овој
настан.
Со почит
Д-р Драган Ѓорѓиевски
Претседател на ЗЛОМ СМ

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести