11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Владата троши милиони за непродуктивни трошоци

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Даниела Николова

Владата на СДСМ  со уцени, закани и манипулации го угуши штрајкот на просветните работници. Владата на СДСМ наместо покачувањето кое им следи со колективниот договор дури во септември ќе ги покачува платите со помал процент. Како што инфлацијата расте, ова покачување нема да биде доволно ни за едно пазарење во маркет.

Владата на СДСМ ги лаже вработените во образованието дека покачувањето на платите ќе значи зголемена инфлација, а во исто време троши милиони евра на криминални физибилити студии, цвеќиња, мебел, службени возила и слични непродуктивни трошоци.

Владата која потроши 20 милијарди евра буџетски пари изминатите години не направи ништо за подобар стандард на граѓаните вклучително и за просветните работници.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести