18.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Зголемените цени повеќе ги загрижуваат Германците отколку војната во Украина

Зголемените цени повеќе ги загрижуваат Германците отколку војната во Украина или пандемијата. Речиси секој трет човек се плаши дека ќе мора да го промени својот животен стил. Ова е резултат од новото истражување на јавното мислење.

Брзиот пораст на цените во многу области ги загрижува луѓето во Германија повеќе од било што друго. Дури и повеќе од војната во Украина или пандемијата, според истражување на консултантската куќа МекКинси, пренесува ДВ.

Околу 40 отсто од околу 1.000 испитаници рекле дека нивната најголема грижа во моментот е инфлацијата, 34 отсто рекле дека руската инвазија на Украина, а само осум отсто рекле дека пандемијата на Ковид 19. Скоро една третина од испитаниците (29 отсто) стравуваат дека ќе мора ограничат нивниот животен стил во некои области. Стравот од пораст на цените особено ги погоди луѓето со пониски примања. Две третини од испитаниците очекуваат пораст на цените во следните 12 месеци.

Промена во расходите

„Веќе две години пандемија оставија свој белег, но сега, поради инфлацијата и руската инвазија на Украина, луѓето станаа попесимисти од кога било досега“, ги сумираат резултатите од истражувањето на експертотМаркус Јакоб. Луѓето чувствуваат повисоки цени и гледаат дека на крајот на месецот помалку пари остануваат во паричникот, вели Јакоб.

А оние кои заработуваат подобро ги менуваат своите потрошувачки навики. Две третини од испитаниците неодамна потрошиле повеќе пари за храна, 61 процент повеќе потрошиле на бензин и транспорт, како и енергија. Како резултат на тоа, речиси секое трето лице ги ограничи своите потрошувачки навики. Заштедува првенствено на трошоци за козметика, облека, забава и патување.

„Новото штедење особено ги погоди оние области кои беа силно загрозени поради пандемијата“, вели експертот Сајмон Ленд.

„Луѓето трошат помалку за тоа каде всушност сакале да трошат повеќе кога пандемијата почна да слабее – да речеме, одење во ресторани, ноќевања во хотели и забави. Според ова истражување, околу две третини од потрошувачите веќе почнале да ги менуваат своите потрошувачки навики поради порастот на цените: на пример, со префрлување на поевтини брендови или почесто купувања со попусти. Повеќе од половина од испитаниците изјавиле дека се повнимателни кога трошат енергија дома.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести