14.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

175 санкционирани возачи во Скопје, 65 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 65 санкции, 39 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 17 мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се шест мерки за користење на мобилен телефон, 16 санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за нерегистрирани возила…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести