5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Шолц: Русија во одреден момент треба да разбере дека единствената можност да ги укине санкциите е да склучи договор со Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека мировниот договор меѓу Москва и Киев е единствениот начин за укинување на санкциите против Русија.

– Русија во одреден момент треба да разбере дека единствената можност да ги укине санкциите е да склучи договор со Украина, а  тоа не може да биде наметан мир – изјави Шолц во интервјуто објавено на информативниот портал Т-онлајн.

Тој уште еднаш апелираше до Русија да ги повлече своите трупи од Украина.

Ова е трета изјавана германскиот канцелар од ваков тип. Шолц и претходно во два наврати упати порака до Русија дека санкциите ќе се повлечат само ако се постигне мировен договор помеѓу двете држави, но тој договор не треба да биде под условите на Путин.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести