19.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

УНИЦЕФ: Милиони деца и натаму живеат во страв и неизвесност во Сирија и соседните земји и потребна им е помош

-Милиони деца и натаму живеат во страв и неизвесност во Сирија и соседните земји и потребна им е помош, изјави Адел Ходр, регионален директор на Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) за Блискиот Исток и Северна Африка.

Според најновите податоци на агенцијата на ОН, „на повеќе од 6,5 милиони деца во Сирија им е потребна помош и речиси 5,8 милиони сириски деца во соседните земји зависат од ваква помош”.

УНИЦЕФ изрази жалење за намаленото меѓународно финансирање, тврдејќи дека добил „помалку од половина од потребните средства оваа година”.

Регионалниот директор на УНИЦЕФ додаде дека „цените на основните прехранбени производи, вклучително и храната, вртоглаво растат, делумно поради кризата во Украина”.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести