10.8 C
Skopje
недела, ноември 22, 2026

КРАЈ НА УРАГАНКИTE ?!

Извесно време се шпекулира дека популарната група Ураганки се распаѓа и дека е прашање на моменти која секоја ќе продолжи по свој пат. Ова трио се договорило заедно да функционира до септември, а потоа секоја од нив ќе започне соло кариера.

Извор близок на ураганките вели дека тие на 1. мај се договориле да ја одработат летната турнеа и закажаните настапи кои ги имаат во престојниот период, а потоа ќе се разделат. Тоа значи дека во септемви секоја од нив ќе тргне по свој пат.

За многумина оваа информација беше шок, особено за помладата публика. Сепак ги има и оние кои сметаат дека е подобро да продолжат сами. Со месеци на социјалните мрежи се коментира дека меѓу пејачките постои нетрпение, и забележуваат дека Ивана се одвоила од Ксенија и Сани. Овие гласини не сакале да ги коментираат, но сомнежот го подгреала Николиќ која неодамна роденденот го прославила без колешките. Направен е обид да се стапи во контакт со нив, но тие не се јавиле.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести