20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ХОРОР ВО ЛАС ВЕГАС: Пронајдено буре со човечки остатоци

Блискиот Лас Вегас историски бил рај за криминалците поврзани со мафијата, а се верува дека ги фрлале телата на своите непријатели во длабоките води на езерото, пишува француската агенција AFP. Пронајденото буре, силно кородирано, го забележале луѓе кои пловеле во чамец, соопшти полициската станица во Лас Вегас.

Историската суша што зафатила голем дел од западниот дел на Соединетите држави влијае врз изворите на вода, а нивото на водата во резервоарите и езерата паѓа на невидено ниско ниво . Езерото Мид на границата меѓу Невада и Аризона, кое се напојува од реката Колорадо откако ќе помине низ Големиот Кањон, е најголемиот вештачки резервоар во САД.

Создаден е во 1930-тите со изградба на браната Хувер и снабдува со вода за пиење 25 милиони луѓе. Но, неговото сегашно ниво, на само 321 метар, е најниско од 1937 година. Врз основа на пронајдените лични предмети, истражителите веруваат дека лицето, чии останки ќе бидат детално испитани од форензичарите, е убиено во 1980-тите.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести