8.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

ЕВЕ КОЈА БИЛА ПОСЛЕДНАТА ЖЕЛБА НА ТИТО

Внукот на  Јосип Броз Тито, доживотниот претседател на СФРЈ, Јошка Броз, во една прилика и откри на јавноста некои од најголемите тајни во врска со неговиот дедо.

Последен пат со Броз разговарал во Љубљана, пред неговата прва операција.

– Во целата таа мака се сети дека ми ветил дека ќе ми даде една од неговите карабини и ловечки пиштол. Ме повика кај себе и ми даде карабина и пиштол – рекол Јошка.

Кога почина Тито, медиумите објавија дека датумот на смртта бил лажиран. Сепак, Јошка остро го демантираше тоа!

– Се испостави дека операцијата е направена доцна. На бубрезите се јави гангрена, па сепса, па вештачка кома… Бранко Лалевиќ тогаш го исклучи апаратот. Зошто го кажуваат тоа? Тој човек е мртов, зошто постојано го враќаме од гроб? Сето тоа е глупост – додаде Броз.

Тој истакна дека се сеќава на секој последен момент со неговиот дедо.

– Сега велат дека викал свештеници, зборувал на странски јазици и пеел некои кинески и јапонски песни… Што викал кога бил во кома? Луѓе, тој не кажа ниту еден збор, единствено беше што последната вечер, тоа беше сабота, десната веѓа му се мрдна. Во неделата наутро заминав за Белград да земам чисти работи и да завршам некоја работа. Веднаш штом пристигнав, ми јавија дека починал. Само реков не кажувајте никому додека не стигнам таму. Веднаш се вратив во Љубљана, го ставив во ковчегот, бев присутен кога се заваруваше кутијата.

Тој нагласи дека пред смртта побарал од него да му исполни една желба!

– Му ставив прстен на раката. Тоа беше неговиот прстен. Тој го побара тоа. Станува збор за прстен кој го добил на подарок од Сталин и со него беше погребан. После се појави копија од таков прстен и се продаваше во Загреб – заврши Јошка!

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести