13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

На овие места луѓето најчесто се одлучуваат за неверство

Неверството најмногу се поврзува со мажите, не заради тоа што тие повеќе изневеруваат, бидејќи и жените го прават тоа, туку заради фактот што дозволуваат да бидат „фатени“.

Причините за неверство се секогаш различни, а понекогаш не мора да постои конкретна причина, туку само дадена можност која чека да биде искористена.

На оваа тема е направено истражување во САД каде што се наведени најчестите места за изневерување. Биле испитани 1500 луѓе на возраст од 25 до 45 години.

Нивните одговори, сублимирани ги покажуваат следните резултати:

Клуб, дискотека, кафуле

Ова е најчестиот избор на луѓето кои изневеруваат. Причината за тоа лежи во фактот што има гласна музика, алкохол, цигари и многу луѓе за да биде фокусот само на нив.

Канцеларија

Уште едно од местата каде „неверниците“ ја вршат прељубата. Идеално е ако нема камери, бидејќи после работно време нема кој да ги види. Дополнително, возбудата понекогаш расте од самата помисла дека можат да бидат фатени на дело.

Ергенска и моминска вечер

Уште една прилика за „последен пат“ да се почувствува слободата на сингл животот. Има нешто во овие вечери што ги тера луѓето да размислуваат поинаку од останатите денови. Навистина, се пие многу алкохол и тоа го поматува разумот, но голем дел од луѓето се решаваат на неверство, токму на овие вечери, макар биле и трезни.

Социјални мрежи

Ова е наједноставниот начин да се изневери партнерот. Лесно и пристапно во секое време. Прво доаѓа додавање за пријател, а потоа лајкнување на слики, потоа следи комуникација на chat и на крајот физичка средба.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести