11.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

ЕВЕ КАДЕ СЕ ЖИВЕЕ НАЈЗДРАВО

Веб-страницата money.co.uk спроведе истражување за најздравите животни средини на планетата, односно за најздравите земји. Од земјите од регионот, Љубљана е на десеттото место, како исклучително здрава животна средина.

Истражувањето е спроведено на глобално ниво, а ги земало предвид сите фактори кои можат да влијаат на квалитетот на животот на луѓето, од последиците од пандемијата на коронавирус до други секојдневни фактори, како што се дебелината, очекуваниот животен век, трошоците за живот, загадувањето или безбедноста.

Најздравиот град е Валенсија, која се карактеризира со ниско загадување на животната средина, медитерански начин на живот и исхрана, како и исклучително поволна географска положба. Од останатите градови треба да се издвои Љубљана, која го зазеде десеттото место на листата која изгледа вака:

  1. Валенсија, Шпанија
  2. Мадрид, Шпанија
  3. Канбера, Австралија
  4. Лисабон, Португалија
  5. Токио, Јапонија
  6. Цирих, Швајцарија
  7. Виена, Австрија
  8. Ченг Маи, Тајланд
  9. Аделаида, Австралија
  10. Љубљана, Словенија

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести