3.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Црна Гора има нова влада

Новата влада има четворица потпретседатели и вкупно 18 министерства, а покрај Обединетата реформска акција на Абазовиќ, во неа се и претставници на малцинските партии кои ги претставуваат Хрватите и Бошњаците, Социјалдемократската партија и просрпската Социјалистичка народна партија.

Демократската партија на социјалистите на претседателот Мило Ѓукановиќ ја поддржа владата на Абазовиќ.

Абазовиќ во своето излагање посочи дека новата влада ќе се заснова на два главни столба – владеење на правото и економски развој, кои имаат пет приоритетни насоки: борба против корупцијата, поодржливи инвестиции, интеграција во ЕУ, одржлив развој и заштита на животната средина, како и афирмација на децата и младите луѓе.

Сите членови на владата се должни да се занимаваат со иднината на Црна Гора, а не со нејзиното натамошно заробување во минатото, рече тој.

„Затоа сум горд што за прв пат ќе соработуваат субјекти кои досега директно не соработувале“, рече Абазовиќ. „Руската агресија против Украина предизвика турбулентни геополитички движења, но оваа нова криза отвори нови перспективи за Црна Гора“, рече тој.

„Верувам дека Црна Гора може да побара забрзан пристап и дека наскоро може да стане полноправна членка на ЕУ со итни, но мудри одлуки. Ова е нашата најважна цел“, нагласи Абазовиќ.

На почетокот на февруари, црногорскиот парламент ѝ изгласа недоверба на владата на Здравко Кривокапиќ по судирот меѓу Кривокапиќ и неговиот тогаш единствен потпретседател Дритан Абазовиќ.

Токму коалициите предводени од Абазовиќ, Кривокапиќ и лидерот на демократите, Алекса Бечиќ, формираа коалиција по парламентарните избори во 2020 година, што го сменија Мило Ѓукановиќ и ДПС за прв пат по 30 години на власт.

Дритан Абазовиќ е Албанец по националност и првиот црногорски премиер кој потекнува од малцинствата во Црна Гора. Според коалицискиот договор, малцинската влада треба да ја води државата една година до распишување на предвремени парламентарни избори.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести