Говорејќи на брифингот во Стејт департментот, Прајс рече дека тимот на амбасадата „се сретнал со соговорници од украинското Министерство за надворешни работи“.
„Денешното патување беше прв чекор пред поредовно патување во блиска иднина“, рече тој, истакнувајќи дека засега е привремено.
„Ги забрзуваме подготовките за обновување на работата на амбасадата во Киев што е можно поскоро“, продолжи Прајс.
Тој рече дека Стејт департментот „постојано ја проценува и повторно ја проценува безбедносната ситуација со цел да ги обнови овие операции на амбасадата што е можно поскоро повторно за да ја олесни нашата поддршка на владата и народот на Украина додека тие храбро ја бранат својата земја“, изјави Прајс, објави Си-Ен-Ен.
