2.8 C
Skopje
недела, ноември 22, 2026

Маск сака да ја купи Minaqua ?!

Имено, како што пишува Biznis.rs, компанијата Tesla Motors се обратила до новосадскиот производител на минерална вода Minaqua со барање за соработка.

Оваа информација им ја потврди, додаваат, Татјана Малбаша од оваа компанија.

„Да, Tesla изрази интерес за соработка со нашата компанија, што би вклучило преземање на дел од компанијата“, изјави Малбаша за Biznis.rs.

Според неа, српската компанија сериозно ќе ја разгледа понудата бидејќи нејзини акционери се вработените и нивните семејства, но и странски партнери.

Таа додаде дека се подготвуваат примероци од вода да испратат во Tesla Motors.

Директорот на Minaqua за медиумите изјави дека Tesla, покрај нив, контактирала и со уште неколку компании во Европа кои имаат вода со природен јод и дека повеќе детали ќе бидат познати за неколку недели.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести