7.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Еве со кого Макрон го имаше првиот телефонски разговор по реизборот

Првиот телефонски разговор на претседателот на Франција, Емануел Макрон, по денешниот реизбор бил со германскиот канцелар Олаф Шолц, соопшти Елисејската палата.

– Канцеларот Шолц го покани претседателот да му честита – се наведува во соопштението на Елисејската палата и додава дека тоа била прва покана до претседателот, односно знак на француско-германско пријателство – пренесе Ројтерс.

Германскиот канцелар Олаф Шолц претходно на Твитер му ја честиташе победата на Макрон, нагласувајќи дека граѓаните на Франција „испратија силна порака за посветеност на денешна Европа“.

Задоволен сум што ќе ја продолжиме добрата соработка – изјави Шолц.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести