1.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Роберт Голоб е победник на парламентарните избори во Словенија

Движењето Слободата на менаџерот Роберт Голоб е релативен победник на парламентарните избори во Словенија со најмногу гласови, а на второ место е Словенечката демократска партија (СДС) на актуелниот премиер Јанез Јанша, покажува излезната анкета објавена во 19 часот.

Според излезната анкета на агенцијата Медина која ја објави Словенска телевизија по затворањето на избирачките места, движењето Слобода добило 35,8 отсто од гласовите, а партијата СДС на Јанша 22,5 отсто.

Според излезната анкета, на трето место е демохристијанската Нова Словенија (НСИ) со 6,8 отсто од гласовите, а по неа се социјалдемократите на Тања Фајон со 6,6 отсто и Левицата  на Лука Месец со 4,4 отсто. .

Ако овој резултат се покаже приближно точен, тоа би значело дека коалициска влада предводена од Голоб и составена од Социјалдемократите и Левицата е поверојатна опција отколку влада базирана на партијата на Јанша и Нова Словенија.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести