5.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Руските војници го обновиле нападот врз металуршката фабрика Азовстал во Мариупол

Руските војници го обновиле нападот врз металуршката фабрика Азовстал во Мариупол, изјави советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Алексеј Арестович во видеото рече дека Москва ги продолжува воздушните напади и напорите за освојување на огромен индустриски комплекс, што е последен знак на украинскиот отпор во пристанишниот град Мариупол.

Доколку ова се потврди, нападите се чини дека сигнализираат нова промена во тактиката на Русија.

Во четвртокот, претседателот на Русија Владимир Путин го запре воениот напад на Азовстал и наместо тоа им нареди на своите војници цврсто да ја блокираат фабриката за челик.

Во меѓувреме, украинскиот Азовски полк објави видео на кое се прикажани очајни услови за жените и децата кои се кријат таму со недели.

Русија останува фокусирана на обидот да заземе територија во источна Украина. Градовите во областа Луганск се под постојан оган, наведува гувернерот на регионот.

Двајца цивили беа убиени, а двајца ранети во артилериски напад врз градот Золота во саботата, рече тој.

Но, Русија не постигна значителни нови резултати и покрај зголемената активност, покажуваат најновите податоци на британската влада, кои се однесуваат на претходните 24 часа борби.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести