5.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

Приведен крадец од Куманово, одземеното вратено на сопственикот

На 22.04.2022 од страна  на  полициски службеници Одделението за криминалистички работи  Кисела Вода е расчистено кривично дело „кражба“ извршено на  12/13.04.2022 во Сопиште, скопско, при што е пронајден сторителот на делото, Т.Т.(40) од Куманово, со кого е извршен службен разговор во кој тој во целост го призна извршувањето на кражбата.

Имено, Т.Т. во периодот од 12/13.04.2022 од 33-годишен жител на Сопиште одзел поголем број алати и материјали и ги натоварил во своето товарно возило со кумановски регистарски ознаки. Полициски службеници од СВР Куманово извршиле претрес кај Т.Т. во Куманово, при што биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело, кои се одземени и вратени на сопственикот.

По документирање на случајот против Т.Т. ќе биде поднесена кривична пријава по чл.235 од Кривичниот законик.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести