0.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Претрес во Тетово, пронајдена дрога, приведено едно лице

Денеска (22.04.2022) во 08.00 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.М.(26) од Тетово. Имено, по претходно добиена судска наредба, извршен е претрес  во  дом и  други  простории кај Д.М., во врска со кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик, при што биле пронајдени  марихуана и дробилка. Д.М. е приведен и по  целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.        

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести