“Имав многу девојки и не бев верен на ниту една. Сите ги изневерував додека не ја запознав Изабел”, рекол познатиот актер.
Актерот Џејмс Франко и неговата поубава половина – актерката Изабел Паксад, почнаа да се забавуваат во 2017 година, но нивната врска ја држеа подалеку од очите на јавноста. Во интервју за американски подкаст, познатиот актер признал дека бил зависник од секс цели 20 години, и дека ги изневерувал сите свои девојки во врска. Се додека не ја запознал Изабел.
Џејмс додал дека му се допаѓа вниманието на сите девојки кои му го покажале, но изгледа дека атрактивната убавица му го освоила срцето, бидејќи одамна не се одвојува од неа, а тие се најголемата поддршка еден на друг.
Овој актерски пар неодамна беше фотографиран на плажа во Мајами. И додека најголем дел од неговото внимание беше насочено кон книгата, Изабел се фокусираше на секојдневните активности на плажа – пливање, сончање и, воопшто, уживање во магијата на водата.
Убавата актерка за оваа пригода облече светло сини бикини кои ги истакнуваат нејзините атрибути кои, како што може да се види од фотографијата, се дар од природата и олицетворение на вистинската убавина.
