Раперот Стефан Ѓуриќ Раста конечно е на слобода, а денеска, 18 април, му е симната и алката за следење. Раста од полноќ е на слобода, а алката му ја симнале околу 10 часот, по осум месеци минати во домашен притвор, пишува српски Телеграф.
Раста беше приведен во октомври 2020 година во центарот на Белград со наводно неколку пакувања марихуана и сканк, а при претресот на неговиот стан полицијата пронашла, како што се наведува, уште недозволени материи. Адвокатот на Раста тврдеше дека раперот имал наркотици за своја употреба, а не за продажба.
Раста четири месеци беше задржан во Окружниот затвор во Белград поради нелегално поседување сканк и кокаин за лична употреба. А откако склучи спогодба за признавање вина со белградското Вишо јавно обвинителство беше осуден на една година домашен притвор, односно осум месеци, бидејќи помина четири месеци во притвор.
