„За жал, морам да објавам дека од денеска жителите се насилно депортирани“, изјави Вадим Бојченко на украинската телевизија. „Проверивме преку административниот регистар дека повеќе од 40.000 луѓе се веќе депортирани.“
Москва претходно објави дека ја презеле контролата врз Мариупол по речиси два месеци крвави борби. Мариупол сè уште се спротивставува на нападите, изјави денеска американски воен претставник.
„Нашата проценка е дека борбите сѐ уште траат за Мариупол. Градот се уште е под закана од воздушни напади, ракетни и бомбашки напади и артилерија“, изјавил официјален претставник кој сакал да остане анонимен.
Украинските власти побарале од Русија да обезбеди хуманитарни коридори од Мариупол и тамошната фабрика Азовстал.
„Бараме итно да се отвори хуманитарниот коридор од фабриката Азовстал, за жени, деца и други цивили“, изјави вицепремиерката Ирина Верешчук.
Окупацијата на Мариупол, главното пристаниште во регионот на Донбас, ќе биде стратешка награда за Русија, поврзувајќи ја територијата што ја држат проруските сепаратисти на исток со регионот на Крим, кој беше припоен кон Москва во 2014 година.
