5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Сајкоски: Чествувањето на Михајлов е чествување на фашизмот, а Европа и нашата борба била против фашистите

Во рамки на кампањата „Промените се случуваат – секогаш со народот“ денес сум во посета на Општина Ресен каде промовираме проекти со кои ќе се решат далекусежни и долгогодишни проблеми на граѓаните од оваа општина.

Улицата „Илинденска“ претставуваше проблем за граѓаните, но со смена на фекалната, атмосферската канализација и подобрување и реконструкција на самата улица ќе биде голема придобивка за граѓаните на оваа општина.

Реализацијата на овие проекти се значајни и големи и доаѓаат во многу тешко време. Кога зборувам за тешко време, зборувам и кажувам за она што се случуваше вчера од страна на бугарската влада и нивните претставници со отворање на клубот, културниот центар кој го нарекоа „Ванчо Михајлов“ и клуб преку кој кажуваат и докажуваат со нивната политика дека продолжуваат со негирање на македонскиот народ и на македонската држава.

Со ова сакам да истакнам дека бугарската влада со начинот и пристапот на проблемот со Македонија само го носи прашањето да не се дојде до решение и на таков начин самата се амнестира од одговорноста што ја им пред европските институции.

Ако промовираме европски вредности и ако одиме во Европа заедно, ние треба да работиме во насока на подобрување на демократијата, борба против фашизмот, а не да промовираме ликови кои што се како Ванчо Михајлов, докажани поддржувачи на фашизмот и докажани негатори на македонската нација.

Македонската влада треба веднаш да побара од Бугарија да се формираат македонски културни центри во повеќе градови на Бугарија со кои ќе се промовира нашата посебност и значењето на македонскиот јазик и македонската култура.

Исто така е важно што не изнајде начин владата во Македонија и влезе во погрешна насока во преговорите со Бугарија и не донесе во фаза да си ја докажуваме посебноста како Македонци во 21 век, 78 години во сопствена држава и повеќевековната борба што ја имале сите наши предци за создавање на сопствена држава.

Затоа треба во вистинска насока да се води проблемот и да бараме конкретно решение за влез во ЕУ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести