11.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

ЕВЕ КОИ СЕ НАЈСКАПИ ГРАДОВИ ВО ЕВРОПА

Дали знаете кои се најскапите градови каде патувањето ќе ве чини премногу? За пократок одмор некаде да треба да платите до 362 евра.

Како дел од истражувањето, сајтот money.co.uk споредува неколку критериуми – просечната цена на Airbnb, автобуските билети, цената на најпознатата атракција, чаша вино, најевтината храна, а потоа е добиена и просечната цена за краток одмор.

Кога се ќе се собере и одземе, најскап град за „градски одмор“ во Европа е Даблин.

Во овој град во просек ќе плаќате 305 евра за ноќ, превоз 10, а посетата на најдобро оценетите атракции во градот надминува 25 евра. За чаша вино ќе платите седум евра, а за просечен оброк 14 евра. Вкупно за градска пауза во овој град ќе платите во просек по 362 евра.

Вториот град е Прага, каде што ќе платите во просек по 282 евра (253 евра од ноќ), но во споредба со Даблин, за се останато ќе платите многу помалку.

Разликата во цената може да се забележи особено во најдобро оценетата атракција во Прага, за која треба да платите 10 евра, што е значително поевтино во споредба со Даблин.

Во првите пет најскапи градови спаѓаат и Единбург, Манчестер и Цирих, каде за пократок одмор во просек ќе платите по 277, 252 и 242 евра.

Она што е интересно е дека Даблин не е најскапиот град по сите критериуми, напротив. Просечната цена за една ноќ е она што му ја додели оваа титула, но од друга страна, најскапиот оброк ќе го платите во Цирих – 20 евра, најскапата чаша вино во Осло – 12 евра, а најскапа туристичка атракција во Лондон – дури 36 евра, најскапиот превоз во Копенхаген – 21,89 евра.

Комплетната листа  изгледа вака:

  1. Даблин, Ирска
  2. Прага, Чешка
  3. Единбург, Обединетото Кралство
  4. Манчестер, Обединетото Кралство
  5. Цирих, Швајцарија
  6. Лондон, Обединетото Кралство
  7. Амстердам, Холандија
  8. Копенхаген, Данска
  9. Осло, Норвешка
  10. Женева, Швајцарија
  11. Севиља, Шпанија
  12. Бристол, Обединето Кралство

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести