„Ова не е војна, ова е тероризам“, рече Дуда на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски и лидерите на трите балтички држави.
Дуда го посети и украинскиот град Буча, каде по повлекувањето на Русија беа пронајдени телата на стотици убиени цивили. Русија тврди дека нејзината армија не напаѓа цивили и ги отфрла обвинувањата за воени злосторства како лажни вести.
