Инфлацијата го изеде стандардот на граѓаните. Платите ја изгубија трката со цените кои галопирачки растат. Основните животни потреби на граѓаните поскапеа од 30 до 110%. Затоа е оправдано барањето на просветните работници за покачување на платите, до толку повеќе што нивните плати се едвај над минималните плати.
ВМРО-ДПМНЕ предложи зголемување на платите, а дополнително ќе предложиме закон за нивелирање на коефициентот на сложеност за работните места во образованието, со што ќе се зголемат платите во просветата.
СДСМ наместо да манипулира со јавноста и да врши притисоци на просветните работници, треба да одговори како може да има милион евра за криминална физибилити студија, 2 милиони евра за мебел и цвеќиња, 2,5 милиони евра за службени возила, а да нема за повисоки плати на просветните работници кои патем им следуваат согласно колективниот договор.
