-0.2 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

СЗО: Ни следат два нови подваријанти на омикрон

Во соопштението се вели дека СЗО ги ставила BA.4 и BA.5, сестринските варијанти на оригиналната омикрон варијанта BA.1, на список за набљудување.

BA.1 и BA.2 веќе се следат, моментално се глобално доминантни, како и BA.1.1 и BA.3. СЗО соопшти дека почнала да ги следи за „нови мутации кои треба дополнително да се проучат за да се разбере нивното влијание врз потенцијалот за имуно избегнување“. Познато е дека вирусите мутираат постојано, но само неколку мутации влијаат на нивната способност да се шират или да го избегнат претходниот имунитет предизвикан од вакцинација или природна инфекција, или сериозноста на болеста што ја предизвикуваат.

На пример, BA.2 моментално претставува речиси 94 проценти од сите секвенционирани случаи и е попренослив од неговите „браќа и сестри“, но доказите до денес сугерираат дека не постои поголема веројатност за развој на потешка форма на болеста.

Според податоците со кои располага СЗО, досега се пријавени само неколку десетици случаи на подваријанти BA.4 и BA.5 во глобалната база на податоци на GISAID.

Британската агенција за здравствена безбедност минатата недела објави дека BA.4 е откриен во Јужна Африка, Данска, Боцвана, Шкотска и Англија, помеѓу 10 јануари и 30 март.

Сите случаи на BA.5 се откриени во Јужна Африка минатата недела, но претходно оваа недела Министерството за здравство на Боцвана објави дека идентификувало четири случаи на подваријанти BA.4 и BA.5 кај луѓе на возраст од 30 до 50 години кои биле целосно вакцинирани . Сите заболени имаат поблаги симптоми на болеста.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести