„Во моментов не планираме патување на претседателот на Соединетите Држави во Украина“, рече секретарот за печат Џен Псаки.
Во текот на викендот, британскиот премиер Борис Џонсон го посети Киев и ги обиколи улиците на главниот град со претседателот Володимир Зеленски. Шефицата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен, исто така минатата недела ги посети Киев и Буча, местото на злосторствата.
За време на посетата на Европа во последен момент минатиот месец, Бајден им рече на хуманитарните работници дека би сакал да ја посети Украина за да ја види ситуацијата одблиску.
„Тие нема да ми дозволат, разбирливо, претпоставувам, да ја преминам границата и да погледнам што се случува во Украина“, рече Бајден. Белата куќа соопшти дека пред патувањето не планирале ниту една посета на Украина.
Оттогаш, руските сили се повлекоа од областа околу Киев.
Псаки рече дека поважно од претседателската посета е континуираното снабдување со оружје и поддршката.
„Она што е најважно за украинското раководство е да го забрзаме оружјето и да им ја даедеме потребната помош и безбедносните системи и на тоа е нашиот фокус“, рече таа.
Псаки одби да каже кој во Белата куќа решава за тоа дали Бајден може да ја посети земјата разурната од војна, „Нема да навлегувам во приватни разговори“, рече таа.
